МОЖНА ГЕРМАНСКА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВЛЕЗЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ОДОБРУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    МОЖНА ГЕРМАНСКА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВЛЕЗЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ОДОБРУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА„Бионтек“ е првата германска компанија која стигнала до оваа фаза во развојот на можна вакцина (Фото: Шатерсток)

    Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фицер“ објавија дека нивниот главен кандидат за вакцина против ковид-19 е доставен за разгледување кај европските регулатори, што би можело да доведе до нејзино одобрување.

    Ова е втора можна вакцина против ковид-19 што ќе ја разгледува Европската агенција за лекови, по онаа развиена од Универзитетот Оксфорд и британско-шведската компанија „АстроЗенека“.

    „Бионтек“ е првата германска компанија која стигнала до оваа фаза во развојот на можна вакцина, откако уште во април добила одобрување да почне со клиничките тестирања. Фирмата од Мајнц кажа дека нејзината можна вакцина наречена „БНТ162б2“ покажала охрабрувачки прелиминарни резултати во предклиничките и во раните клинички испитувања кај возрасните. Големи клинички тестирања, во кои учествуваат илјадници луѓе, и натаму траат.

    „Засега не може да се донесе заклучок за безбедноста и ефективноста на вакцината бидејќи уште докази треба да му се достават на нашиот Комитет за медицински производи за човечка употреба“, соопшти Европската агенција за лекови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира