Ледените услови доведоа до привремено затворање на Меѓународниот аеродром во Виена и до ограничување на летовите на аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага, соопштија двата аеродрома.
Дебел слој мраз се создаде на пистите во Виена и повторно имаше замрзнување по напорите за негово расчистување, изјави портпаролот, додавајќи дека летовите се пренасочуваат кон други аеродроми.
„Ледениот дожд го принуди аеродромот во Прага да работи во многу ограничен режим“, објавија оттаму на Икс.
Се очекуваа доцнења во текот на денот, а пристигнувањата беа ограничени бидејќи персоналот работеше на одмрзнување на главната писта.



