НА 90. РОДЕНДЕН КАСТРО ГО ИСКАРА ОБАМА

a:1:{s:9:"td_source";s:19:"Хавана(АП)

    НА 90. РОДЕНДЕН КАСТРО ГО ИСКАРА ОБАМА

    Фидел Кастро им се заблагодари на Кубанците за убавите желби за неговиот 90-ти роденден и го критикуваше американскиот претседател Барак Обама, во долгото писмо што беше објавено во медиумите. Тој присуствуваше, но не зборуваше за време на гала вечерта организирана во негова чест што беше пренесувана на националната телевизија.

    “Би сакал да изразам најдлабока благодарност за укажаната почит, честитките и желбите што ги примив во последните неколку денови кои ми дадоа сила да возвратам со идеи што ќе им ги испратам на партиските активисти и соодветните организации”, напиша тој за неговиот роденден завчера. “Модерните медицински технологии ми дозволија да го проучам универзумот”, напиша Кастро, кој пред 10 години се повлече од претседател на Куба откако се разболе од сериозна болест на гастроинтестиналниот тракт.

    Околу 18 часот луѓето можеа да го видат на снимката на државната телевизија како полека се доближува до неговото место во театарот “Карл Маркс” во Хавана, облечен во бели тренерки “пума” и зелена маица. Тој седна во нешто што изгледаше како специјално опремена инвалидска количка и го гледаше музичкиот настап на децата од театарот, додека истовремено одеа и снимки од најважните моменти од годините кога тој беше на власт. Тој седеше заедно со неговиот помлад брат, претседателот Раул Кастро и претседателот Николас Мадуро од Венецуела како и најистакнатите високи претставници на војската и јавноста во Куба.

    Во писмото, Кастро покрај зборовите за заблагодарување се потсети и на деновите од неговото детство и младост во источна Куба, опишувајќи го геолошкиот состав и растителниот свет во регионот каде пораснал. Тој се задржа на смртта на неговиот татко, кратко пред неговата победа кога во 1959 година го симна од власт Фулгенсио Батиста кој беше поддржан од САД.

    На крај, Кастро го критикуваше Обама кој очигледно го налутил револуционерниот лидер со посетата на Куба во март кога ги повика Кубанците да гледаат кон иднината. Една недела по посетата, Кастро напиша писмо со строга содржина во кое го поучи Обама да чита за историјата на Куба и во кое рече, “не треба империјата да ни даде ништо”.

    Во писмото објавено во саботата, тој го искритикува Обама затоа што не му се извинил на народот на Јапонија за време на патувањето во Хирошима во мај и рече дека на говорот на Обама таму му недостасувала структура.

    Владата на Куба организираше релативно скромно славење на роденденот на Кастро, во споредба со големите собири што беа организирани за неговиот 80-ти роденден. Покрај гала вечерта, владините министри организираа и мали музички настапи и изложби на фотографии во чест на поранешниот лидер на државата.

    Кастро последен пат се појави во јавноста во април кога го затвори конгресот на Комунистичката партија што се одржува два пати во една деценија, а тогаш ја повика Куба да се држи до своите социјалистички идеали во период на нормализирање на односите со САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира