Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер толку многу се тетеравеше и немаше рамнотежа за време на галата на Самитот на НАТО во Брисел, што лидерите на членките на Алијансата беа принудени да го придржуваат да не падне.
По настанот, холандскиот премиер Марк Руте кажа: „Тој нема сериозен здравствен проблем колку што знам јас, но знам дека има проблем со грбот веќе некое време. Проблемот е таков што понекогаш има вакви болни напади“.
Јункер претходно има кажано дека губи рамнотежа поради ишијас.