Рускиот патријарх Кирил изјави дека на оние што ќе се жртвуваат при извршувањето на својата војничка должност ќе им бидат простени од сите гревови.
На вчерашната богослужба, тој изразил надеж дека братоубиствената војна во Украина наскоро ќе заврши, но истовремено им испратил зборови на утеха на оние кои се борат.
„Црквата се моли битката да заврши што е можно поскоро. Во исто време, црквата сфаќа дека ако некој, воден од чувството на должност и потребата да ја почитува својата заклетва, остане верен на својот позив и умре додека ја извршува својата воена должност, тогаш тој прави дело што е еднакво на жртва. Тој се жртвува себеси за другите и затоа веруваме дека оваа жртва ги прочистува сите негови гревови“, кажа Кирил.
Тој претходно ги обвини либералните западни вредности, првенствено геј парадите, за руската инвазија на Украина, а за младите Руси кои убиваат Украинци кажа дека прават херојско дело.