НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ТАЈВАН ПОБЕДИ КАНДИДАТОТ КОГО КИНА ГО СМЕТА ЗА ОПАСЕН СЕПАРАТИСТ

    НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ТАЈВАН ПОБЕДИ КАНДИДАТОТ КОГО КИНА ГО СМЕТА ЗА ОПАСЕН СЕПАРАТИСТПартијата на новиот тајвански претседател Лаи се залага за посебен тајвански идентитет и ги отфрла територијалните претензии на Кина. (Фото: ЦНА)

    Лаи Чинг-те, претседателскиот кандидат на тајванската владејачка партија ДПП, победи на изборите кои што Кина ги оквалификува како избор меѓу војна и мир. Кандидатот на главната опозициска партија КМТ, Хон Ју-их, го призна поразот.

    Лаи имаше уште еден противник, поранешниот градоначалник на Тајпеј Ко Вен-је од малата партија ТПП.

    Партијата на Лаи се залага за посебен тајвански идентитет и ги отфрла територијалните претензии на Кина.

    За време на предизборната кампања, Кина постојано го нарекуваше Лаи опасен сепаратист и ги отфрли неговите повици за разговори. Лаи вели дека е посветен на одржување на мирот со Кина и планира да ги засили одбранбените сили на островот, кој Кина го смета за своја територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира