НА САМИТОТ НА НАТО ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ МИР ВО ЕВРОПА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ

    НА САМИТОТ НА НАТО ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ МИР ВО ЕВРОПА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦОва е првиот самит на НАТО од 2019 на кој присуствува Трамп (Фото: ЕПА)

    Лидерите на НАТО се собраа во Хаг на самит, за кој германскиот канцелар Фридрих Мерц кажа дека е историски и ќе обезбеди мир во Европа за следните генерации. Ова е првиот самит на НАТО од 2019 на кој присуствува Трамп.

    Пред почетокот на самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му испрати писмо на Трамп, во кое ги пофали неговите раководење со западната алијанса и справување со израелско-иранскиот конфликт.

    Летате во Хаг кон уште еден голем успех. Не беше лесно, но сите имаме потпишано за целта од пет проценти“, напиша Руте во пораката, што Трамп ја сподели на социјалните мрежи.

    Денешниот самит се очекува со голем интерес бидејќи членките треба да се обврзат дека во иднина ќе издвојуваат за одбраната 5% од својот бруто домашен производ, наместо досегашните 2%. Шпанија е единствената членка која отворено се побуни против овој план и дури кажа дека постигнала договор да биде исклучена од него, што беше отфрлено од Руте.

    Целта од 5% се состои од два дела: 3,5% се основните трошоци за одбрана, а дополнителните 1,5% би се однесувале на надградба на патишта, мостови, пристаништа и аеродроми за подобро распоредување на армиите, воспоставување мерки за борба против кибернетички и хибридни напади и подготовка на општествата за идни конфликти.

    Многу од сојузниците се далеку од обврската да трошат 3,5% од БДП за одбрана до 2035 година. Германската влада вчера поддржа буџетски договор за постигнување на таа цел до 2029. Околу 62,4 милијарди евра ќе бидат потрошени за одбрана оваа година, што ќе се зголеми на 152,8 милијарди евра во 2029.

    Не го правиме тоа како услуга на САД и нивниот претседател. Го правиме ова од наше сопствено гледиште и убедување, бидејќи Русија активно и агресивно ги загрозува безбедноста и слободата на целата евроатлантска област“, изјави Мерц.

    Во Хаг пристигна и Володимир Зеленски, кој ќе се сретне со Трамп на маргините на самитот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира