НА САМИТОТ НА НАТО ВИДОВ ТРОГАТЕЛНИ СЦЕНИ И КОЛКУ ТИЕ ЛУЃЕ ГИ САКААТ СВОИТЕ ДРЖАВИ, РЕЧЕ ТРАМП

    НА САМИТОТ НА НАТО ВИДОВ ТРОГАТЕЛНИ СЦЕНИ И КОЛКУ ТИЕ ЛУЃЕ ГИ САКААТ СВОИТЕ ДРЖАВИ, РЕЧЕ ТРАМПТрамп нагласи дека САД остануваат посветени кон Членот 5 и принципот на колективна одбрана (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека го напушта самитот на НАТО во Хаг со поинаков поглед на западната воена алијанса, велејќи дека имал трогателни сцени со лидерите.

    Видов колку се горди шефовите на државите, љубовта и страста што ги покажаа за своите земји беше неверојатна. Никогаш не сум видел такво нешто. Тие сакаат да ги заштитат своите земји. Ним им треба Америка, без САД нема да биде исто. Можете да го прашате Марк Руте или кој било друг што беше тука. Тоа беше многу трогателно да се види“, изјави Трамп.

    По неколку месеци притисок од Трамп, членките на НАТО се согласија да ги зголемат годишните издвојувања за одбрана од 2% на 5% од својот бруто домашен производ, за што тој кажа дека е голема победа за САД и западот. Тој притоа ја искара Шпанија што во прв момент не сакаше да го прифати планот.

    Ужасно е тоа што го направи Шпанија, тоа не беше фер кон НАТО. На шпанската економија ѝ оди добро, не знам во што беше проблемот. Кога ќе преговараме со Шпанија за трговски договор, ќе ја натераме да плати двојно повеќе“, рече Трамп.

    Тој нагласи дека САД остануваат посветени кон Членот 5 и принципот на колективна одбрана.

    Беше одлично. Ќе кажам дека овие луѓе навистина ги сакаат своите земји и тука сме да им помогнеме да ги заштитат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира