НА УКРАИНЦИТЕ ИМ СЕ ИСПРАНИ МОЗОЦИТЕ, НИЕ СМЕ ЕДЕН НАРОД, ЌЕ ЈА УНИШТИМЕ ТАА АНТИ-РУСИЈА, КАЖА ПУТИН

    НА УКРАИНЦИТЕ ИМ СЕ ИСПРАНИ МОЗОЦИТЕ, НИЕ СМЕ ЕДЕН НАРОД, ЌЕ ЈА УНИШТИМЕ ТАА АНТИ-РУСИЈА, КАЖА ПУТИНПутин му рекол на Макрон дека е подготвен да оди докрај (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ во Украина се одвива според планот, демантирајќи ги извештаите дека инвазијата не ги постигнала очекуваните резултати во првите седум дена.

    „Нашите војници и офицери се борат за Русија на украинската територија, за мирен живот на жителите на Донбас, за денацификација и демилитаризација на Украина“, кажа Путин.

    Тој ги обвини Украинците дека држат илјадници странски државјани како заложници и дека користат луѓе како жив штит.

    „Русите и Украинците се еден народ, но на Украинците им беа испрани мозоците. Ќе ја уништиме оваа анти-Русија што западот ја создаваше со години и која ни се закануваше“, кажа Путин во телевизиското обраќање.

    Емануел Макрон смета дека најлошото за Украина допрва доаѓа откако Путин денеска му рекол дека Киев ги одбива сите барања на Москва.

    „Ми кажа дека е подготвен да оди докрај и дека сака да преземе целосна контрола, и во дипломатска и во воена смисла. Му реков дека прави огромна грешка“, кажа Макрон, кој денеска телефонски разговарал со Путин 90 минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира