НАД 1.800 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО САД, НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ВО КОЈА БИЛО ЗЕМЈА ДОСЕГА

    НАД 1.800 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО САД, НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ВО КОЈА БИЛО ЗЕМЈА ДОСЕГАСАД ја надминаа бројката од 400.000 заразени (Фото: Гети)

    Во САД во изминатите 24 часа починале повеќе од 1.800 луѓе од КОВИД-19, што е најмногу во еден ден во која било земја досега. САД во исто време ја надминаа бројката од 400.000 заразени.

    Ова следува откако Доналд Трамп и здравствените власти предупредија дека ова ќе биде критична недела за Американците, во која се очекуваат многу мртви.

    „САД можеби се ближат кон врвот на заразата. Можеби ќе има и помалку мртви отколку што првично очекувавме“, изјави Трамп, по што ја нападна Светската здравствена организација.

    „СЗО навистина ја утна работата. Иако во најголем дел е финансирана од САД, таа од некоја причина е свртена најмногу кон Кина“.

    Најтешка е ситуацијата во Њујорк, каде што во еден ден починале 731 пациент. Во овој град досега има повеќе од 4.000 починати од КОВИД-19, со што беше надминат трагичниот биланс од терористичките напади на 11 септември 2001.

    „Ве молам, седете дома и продолжете со социјално дистанцирање. Знам дека е тешко, но мора да продолжиме“, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, додавајќи дека се намалува бројот на нови пациенти во болници.

    И додека САД се нов епицентар на пандемијата, Вухан по 11 недели излезе од карантин и на жителите повторно им е дозволено да излезат од градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира