Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Белград на најголемиот протест од одржувањето на парламентарните и локалните избори на 17 декември. Во организација на иницијативата „ПроГлас“, на протестот симболично им се покажуваше црвен картон на институциите, а на присутните им се обрати една од опозициските лидерки Мариника Тепиќ, која почна штрајк со глас на 18 декември.
„Овие избори мора да бидат поништени“, порача Тепиќ.
Опозицискиот блок „Србија против насилството“ ја обвини владејачката Српска напредна партија за изборна измама, особено во Белград.
„Поради изневерената изборна волја на граѓаните, бараме во рок од шест месеци да се одржат нови парламентарни и локални избори во Србија, откако ќе се направи темелна промена на изборните услови“, соопшти „ПроГлас“, додавајќи дека на денешниот протест имало повеќе од 10.000 луѓе.