Италија ја надмина бројката од 10.000 починати од КОВИД-19 откако во последните 24 часа оваа болест однесе уште 889 животи. Ова е вториот најсмртоносен ден во Италија досега, откако вчера имаше рекордни 969 мртви. Излечени се 12.384 , 1.434 повеќе од вчера.
Ситуацијата е најдраматична во провинцијата Бергамо, која се наоѓа во рамките на северниот регион Ломбардија, каде што во последните 12 дена починале над 600 луѓе.
Здравствените власти објавија дека во земјата има 5.974 новозаразени, бројка која вчера беше нешто помала.
Со тоа, вкупната бројка заразени досега изнесува 92.472.