НАД 100.000 АМЕРИКАНЦИ ПОЧИНАЛЕ ОД ДРОГА ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО ПАНДЕМИЈАТА

    НАД 100.000 АМЕРИКАНЦИ ПОЧИНАЛЕ ОД ДРОГА ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО ПАНДЕМИЈАТАСмртните случаи од дрога пораснале за 28,5% во споредба со претходниот едногодишен период (Фото: Гети)

    Повеќе од 100.000 Американци починале од предозирање со дрога во едногодишен период за време на пандемијата на коронавирусот. Тоа е најцрниот годишен биланс досега забележан во САД.

    Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека смртните случаи од дрога пораснале за 28,5% во 12-месечниот период до април оваа година. Експертите веруваат дека порастот на предозирањата е последица на психолошкиот товар на пандемијата, како и на пошироката употреба на синтетички опиоди, како фентанил. Бројот на предозирањата пораснал во сите освен четири сојузни држави.

    Според ЦДЦ, во периодот април 2020-април 2021 од дрога починале 100.306 луѓе во САД, додека во претходната година имало 78.056 смртни случаи.

    „Иако бројот на смртоносните предозирања експоненцијално расте во изминатите години, пандемијата несомнено уште повеќе го разгорела тоа. Податоците покажуваат дека сè повеќе луѓе сами земаат дрога, што е ризичен фактор за предозирање“, вели Кетрин Кејс, професорка на Универзитетот Колумбија.

    Бројот на смртните случаи од дрога сега го надминува оној од пукања, грип и сообраќајни несреќи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира