НАД 100 МОРНАРИ ЗАРАЗЕНИ НА АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД, ПЕНТАГОН ОДБИВА ДА ГИ ЕВАКУИРА

    НАД 100 МОРНАРИ ЗАРАЗЕНИ НА АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД, ПЕНТАГОН ОДБИВА ДА ГИ ЕВАКУИРАБродот „Теодор Рузвелт“ сега е закотвен во Гуам (Фото: АФП)

    Капетанот на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ го предупреди Пентагон дека коронавирусот неконтролирано се шири на бродот и побара помош за екипажот да се стави во карантин. Според американски медиуми, на бродот веќе има над 100 заразени морнари.

    Сепак, министерот за одбрана Марк Еспер ја отфрли опцијата за евакуирање на бродот.

    Во писмото на четири страници, капетанот Брет Крозир вели дека не се во можност да го запрат ширењето на вирусот меѓу посадата која брои 4.000 членови, опишувајќи ја тешката ситуација која владее на бродот, кој сега е закотвен во Гуам, американска пацифичка територија.

    „Ние не сме војна, морнарите не мора да умрат. Заразата се шири со забрзано темпо, а просторот на бродот е ограничен“, вели Крозир.

    Тој побара целиот екипаж да биде ставен во карантин на брегот на Гуам, бидејќи „останувањето на бродот е непотребен и опасен ризик“.

    Еспер кажа дека ситуацијата не дошла до таа точка за да мора да се направи евакуација.

    „Никој од морнарите не е сериозно болен. Обезбедни се доволно залихи и медицинска помош“, изјави Еспер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира