НАД 100 ЗАГИНАТИ ВО АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО ИРАК

    НАД 100 ЗАГИНАТИ ВО АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО ИРАКДемонстрантите велат дека протестираат против невработеност, лошите јавни услуги и корупција (Фото: АП)

    Бројката на загинати во неколкудневните антивладини протести во Ирак порасна на повеќе од 100, објави парламентарната комисија за човекови права.

    Протестите се одржуваат веќе пет дена, при што во последните судири во Багдад беа убиени пет лица откако безбедносните сили пукале со боева муниција.

    Демонстрантите велат дека излегоа на улица поради невработеност, лошите јавни услуги и корупција. Овие протести се првиот голем предизвик за кревката влада на премиерот Адел Абдел Мади, која дојде на власт пред само една година. Властите се обидоа да ги стават протестите под контрола воведувајќи полициски час и речиси целосна блокада на интернет.

    Главното собиралиште на демонстрантите досега беше плоштадот Тахрир, но пристапот до него денеска беше блокиран.

    Насилствата се забележани и во регионите со шиитско мнозинство на југот на земјата, а голем број загинати имало во градот Насирија. Во досегашните протести се повредени над 3.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира