НАД 100 ЗАГИНАТИ ВО ПАДОТ НА КУБАНСКИОТ АВИОН

    НАД 100 ЗАГИНАТИ ВО ПАДОТ НА КУБАНСКИОТ АВИОНВо авионот имало 104 патници и девет членови на екипажот (Фото: Гети)

    Новиот кубански претседател Мигел Дијас-Канел изјави дека има голем број загинати во уривањето на авионот „боинг 737“ во близина на меѓународниот аеродром во Хавана, но властите засега немаат излезено со точната бројка на жртви.

    Авионот превезувал 104 патници и требало да лета на кратка релација од Хавана до Холгуин, кога се урнал набргу по полетувањето.

    Весникот на Комунистичката партија „Гранма“ објави дека три лица го преживеале падот и се превезени во болница во критична состојба.

    „Се случи голема авионска несреќа. Вестите не се многу ветувачки, се чини дека има голем број жртви“, изјави Дијас-Канел.

    Освен патниците, во авионот имало и девет странски члена на екипажот.

    Радио „Хавана Куба“ објави дека авионот, кој бил изнајмен од државната авиокомпанија „Кубана де авијасион“, се урнал на автопатот во близина на аеродромот.

    Ова е трета авионска несреќа на Куба во последните осум години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира