НАД 110 ЗАГИНАТИ ВО ГАЗА ОТКАКО ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ЗАПУКА КОН ЛУЃЕТО СОБРАНИ ОКОЛУ КАМИОНИ СО ХРАНА

    НАД 110 ЗАГИНАТИ ВО ГАЗА ОТКАКО ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ЗАПУКА КОН ЛУЃЕТО СОБРАНИ ОКОЛУ КАМИОНИ СО ХРАНАСтотици луѓе нагрнале кон новодојдените камиони со хуманитарна помош со надеж дека ќе добијат храна (Фото: Гети)

    Најмалку 112 луѓе се убиени, а 760 се повредени откако израелските трупи отвориле оган додека палестинските цивили биле собрани околу камиони со храна, објави министерството за здравство во Газа.

    Стотици луѓе нагрнале кон новодојдените камиони со хуманитарна помош со надеж дека ќе добијат храна кога израелски тенкови и дронови почнале да пукаат во западниот дел на градот Газа.

    Најголем дел од жртвите биле удрени и прегазени од камионите додека сите се обидувале да избегаат од израелскиот оган“, изјави локалниот новинар Хадер ал-Занун, кој бил на местото на настанот.

    Оваа трагедија се случи додека бројот на загинати во Газа надмина 30.000, а пола милион луѓе се соочуваат со глад, велат Обединетите нации.

    Од израелската војска потврдија дека запукале кон луѓето собрани околу камионите, додавајќи дека „толпата толку се доближила до израелските трупи, што станала закана за нив“.

    Џо Бајден кажа дека овој инцидент би можел да ги закомплизцира напорите за постигнување примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира