Во Италија во последните 24 часа починале 349 луѓе од коронавирусот, со што бројката втор ден по ред е поголема од 300. Црниот рекорд беше остварен вчера, кога имаше 368 починати.
Италија со тоа ја надмина бројката од 2.000 мртви, односно досега ги има 2.158.
Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека во земјата има и 3.233 новозаразени, а од почетокот на кризата се заразиле вкупно 27.980 луѓе, од кои 1.851 лице се на интензивна нега.
Најкритично е во северниот регион Ломбардија, каде што има 1.420 починати, 202 повеќе во однос на вчера.
„Се соочуваме со недостиг на заштитни маски, особено на одделите за интензивна нега. Залихите во Ломбардија ќе траат само упте неколку дена. Тоа ја намалува ефективноста да се спасуваат животи“, изјави Борели.