НАД 20 МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ЛАС ВЕГАС, 100 ПОВРЕДЕНИ

    НАД 20 МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ЛАС ВЕГАС, 100 ПОВРЕДЕНИПолицијата објави дека напаѓачот е убиен (Фото: Гети)

    Најмалку 20 лица се убиени, а над 100 се повредени во пукањето што се случи пред хотел во Лас Вегас.

    Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен и дека нема други активни напаѓачи, но, сепак, се трага по едно лице.

    „Напаѓачот е убиен, тој живееше овдека, не знаеме кои се неговите мотиви. Со него беше и една девојка и моментално трагаме по неа“, изјави шефот на локалната полиција.

    Пукањето се случи пред хотелот „Манделеј беј“ во самиот центар на Лас Вегас, каде што во тој момент се одржувал фестивал на кантри музика.

    „Концертот траеше, кога слушнавме нешто како петарди. Тогаш сфативме дека тоа, всушност, се рафали. Слушнавме стотина куршуми. Кога престана пукањето, почнавме сите да бегаме. Има многу повредени“, изјави еден од очевидците.

    Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем, бидејќи 14 од повредените се во критична состојба.

    Полицијата изјави дека убицеот, чие име не се соопштува, пукал од 32. спрат на хотелот. Девојката која била со него во собата не е осомничена, туку полицијата ја бара само заради испрашување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира