НАД 200 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НА АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ОТКАКО ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЧНАА ПРЕДАВАЊАТА

    НАД 200 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НА АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ОТКАКО ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЧНАА ПРЕДАВАЊАТАОд универзитетот Нотр Дам сметаат дека ширењето на заразата се должи на студентските забави што се организираат надвор од кампусот (Фото: АП)

    Универзитетот Нотр Дам во Индијана (САД) потврди најмалку 222 случаи на коронавирус само две недели од почнувањето на есенскиот семестар. Како резултат на ова, универзитетот ги откажа сите физички предавања и ги префрли на интернет на најмалку две недели, а во меѓувреме ќе ги преиспита своите безбедносни протоколи.

    „Ако овие чекори не се покажат успешни, сите студенти ќе ги пратиме дома, како што направивме пролетоска“, изјави ректорот на универзитетот Џон Џенкинс.

    Над 12.000 студенти и постдипломци на Нотр Дам биле тестирани за коронавирус пред да се вратат во кампусот на 3 август. На неколку десетици кои имале позитивен тест им било кажано да останат дома, но во последните две недели биле регистрирани повеќе од 200 нови случаи на коронавирус.

    Од универзитетот сметаат дека ширењето на заразата се должи на студентските забави што се организираат надвор од кампусот, на кои што никој не носи маска, ниту почитува социјална дистанца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира