НАД 4.000 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ, НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА СИМПТОМИТЕ СЕ ПОЈАВУВААТ ПОСЛЕ ПЕТ ДЕНА

    НАД 4.000 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ, НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА СИМПТОМИТЕ СЕ ПОЈАВУВААТ ПОСЛЕ ПЕТ ДЕНАДодека Кина ја добива војната со коронавирусот, кризата само се засилува во остатокот од светот (Фото: АП)

    Бројката починати од коронавирусот надмина 4.000 на светско ниво, додека во Италија стапи на сила карантин на територијата на целата земја.

    Научниците потврдија дека во просек се потребни пет дена за да почнат да се покажуваат симптомите на КОВИД-19. Вирусот најчесто почнува со треска, следен од сува кашлица, а после една недела се јавуваат проблеми со дишењето, кога некои пациенти имаат потреба и од хоспитализација.

    Научниците затоа им препорачуваат на луѓето кои би можеле да бидат заразни да се стават во 14-дневна изолација, без разлика дали имаат симптоми или не. Оние кои не покажуваат симптоми до 12. ден, најверојатно нема ни да ги развијат, но и натаму би можеле да бидат преносители на заразата.

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг вчера го посети Вухан, кој важи за епицентар на заразата, навестувајќи ѝ на земјата дека ситуацијата е ставена под контрола. Тој првпат ја посети провинцијата Хубеи од појавата на коронавирусот. Според последните официјални информации, во Кина вчера имало само 19 новозаразени, ниеден надвор од Хубеи.

    За тоа време, кризата само се засилува во остатокот од светот: во Австрија има 131 нов случај, во Австралија 100, а во Шпанија дури 615, двојно повеќе во однос на неделата. Прв смртен случај е пријавен во Канада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира