НАД 4.500 УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА НАВАЛНИ ВО 85 РУСКИ ГРАДОВИ

    НАД 4.500 УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА НАВАЛНИ ВО 85 РУСКИ ГРАДОВИПолицијата од старт ги прогласи протестите за нелегални (Фото: АП)

    Извикувајќи слогани против Владимир Путин, десетици илјади луѓе се придружија на денешните протести во 85 градови низ Русија, на кои се бараше ослободување на притворениот опозиционер Алексеј Навални. Според една набљдувачка група, уапсени се повеќе од 4.500 демонстранти, меѓу нив и сопругата на Навални, Јулија Навалнаја.

    Поради најавените протести, за кои властите не дадоа одобрение, полицијата го парализираше центарот на најголемите руски градови, меѓу кои и Москва, каде што беа затворени метро станици, ресторани и продавници и беа блокирани улици. И покрај заканите од полицијата, протестите се одржаа во сите 11 временски зони во Русија, дури и Сибир.

    Полицијата од старт кажа дека протестите се нелегални и би можеле да доведат до ширење на коронавирусот. Поради тоа, демонстрантите секаде се соочија со големи полициски кордони.

    Тимот на Навални повика на нов протест во Москва во вторник, кога тој ќе се појави во суд, кој би можел да му ја активира условната затворска казна од три и пол години. Навални, кој важи за најжесток критичар на Кремљ, беше уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труењето со нервен агенс новичок. Навални за труењето го обвини Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира