НАД 40 ПОВРЕДЕНИ ВО ВЧЕРАШНИТЕ НЕРЕДИ ПРЕД ЗГРАДАТА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    НАД 40 ПОВРЕДЕНИ ВО ВЧЕРАШНИТЕ НЕРЕДИ ПРЕД ЗГРАДАТА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТДемонстрантите ја гаѓале полицијата со шишиња, камења и пиротехника (Фото: ДПА)

    Шеесет луѓе се уапсени на вчерашните антивладини протести во Софија откако тие станаа насилни, објави полицијата. Итните служби кажаа дека неколкумина полицајци се повредени откако демонстрантите фрлале шишиња, камења и пиротехника во обид да го пробијат кордонот поставен околу зградата на парламентот.

    Организаторите кажаа дека планирале мирен марш наречен „Големо народно востание“, но сепак дошло до насилства. Вкупно 45 луѓе завршиле во болница.

    Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот (Фото: Анадолу)

    Министерот за одбрана Красимир Каракачанов ги опиша акциите на демонстрантите како добро испланирани напади.

    Илјадници луѓе вчера се обидоа да го блокираат парламентот пред пратениците да се вратат на работа по летниот одмор. Демонстрантите ја обвинуваат власта за корупција и штитење на моќните тајкуни, но премиерот Бојко Борисов и јавниот обвинител Иван Гашев досега ги одбија сите повици за оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира