НАД 47.000 ЕРМЕНЦИ ИЗБЕГАА ОД НАГОРНО-КАРАБАХ, АЗЕРБЕЈЏАН ГО УАПСИ БИВШИОТ ЛИДЕР НА ЕНКЛАВАТА

    НАД 47.000 ЕРМЕНЦИ ИЗБЕГАА ОД НАГОРНО-КАРАБАХ, АЗЕРБЕЈЏАН ГО УАПСИ БИВШИОТ ЛИДЕР НА ЕНКЛАВАТАМногумина од 120.000 етнички Ерменци не гледаат иднина во Нагорно-Карабах (Фото: АП)

    Азербејџан го уапси поранешниот лидер на Нагорно-Карабах, Рубен Вардањан, додека се обидувал да премине во Ерменија. Вардањан, бизнисмен кој ја предводеше сепаратистичката влада од ноември 2022 до февруари, беше меѓу илјадниците луѓе кои сакаат да ја напуштат енклавата, што Азербејџан ја стави под своја контрола минатата недела.

    Повеќе од 47.000 етнички Ерменци досега избегаа од Нагорно-Карабах, при што поминуваат низ ригорозни гранични контроли. Азербејџанските власти кажаа дека Вардањан бил уапсен додека се бараат осомничени за воени злосторства. Од владата претходно кажаа дека Азербејџан ќе им даде амнестија на сите ерменски борци од Карабах кои ќе го положат оружјето.

    Сепак, оние кои извршиле воени злосторства за време на војните во Карабах мора да ни бидат предадени“, кажаа азербејџанските власти.

    Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но три децении беше под контрола на етничките Ерменци. Нови насилства избија минатата недела, но по 24-часовните борби, Ерменците се предадоа, по што почнаа преговори за интегрирање на енклавата во Азербејџан.

    Многумина од 120.000 етнички Ерменци не гледаат иднина во Нагорно-Карабах, додека ерменскиот премиер Никол Пашињан кажа дека во тек е етничко чистење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира