Бројот на загинати во денешното пукање во Лас Вегас се зголеми на најмалку 50, додека истовремено има и над 200 повредени.
Пукањето се случи пред елитниот хотел „Манделеј беј“ во центарот на градот, во моментите кога таму се одржуваше фестивал на кантри музика. Се верува дека ова е најсмртоносното пукање во историјата на САД. Меѓу загинатите се и двајца полицајци.
Полицијата го идентификуваше убиецот како локалниот жител, 64-годишниот Стивен Падок, кој пукал од 32. спрат на хотелот, каде што и бил ликвидиран.
„Во неговата соба се пронајдени голем број парчиња огнено оружје. Се уште не знаеме кои се неговите мотиви за ова злосторство“, изјави шефот на локалната полиција, Џозеф Ломбардо.
Полицијата се уште трага по 62-годишната партнерка на Падок, Марилу Денли, но таа не е осомничена како соучесник.