НАД 150 МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ЏАМИЈА ВО ЕГИПЕТ

    НАД 150 МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ЏАМИЈА ВО ЕГИПЕТЦелта на нападот биле припадниците на безбедносните сили, кои дошле на молитва во џамијата во градот Бир ал-Абед (Фото: ЕПА)

    Најмалку 155 луѓе се убиени во терористичкиот напад, што се случи во една џамија во Египет.

    Сведоците изјавија за локални медиуми дека неколку напаѓачи учествувале во нападот во градот Бир ал-Абед во провинцијата Северен Синај, при што биле користени експлозив и огнено оружје.

    „Најмалку 100 луѓе се повредени во нападот. Стравуваме дека бројката на загинати ќе расте“, изјави портпаролот на министерството за здравство за египетска телевизија.

    Се верува дека експлозијата во џамијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец, кој се разнесол само неколку минути по завршувањето на пладневната молитва.

    Откако верниците почнале да бегаат во паника, во нив од огнено оружје пукале напаѓачи, кои излегле од четири џипа.

    Целта на нападот биле луѓето кои дошле во џамијата да им дадат поддршка на припадниците на безбедносните сили, кои во тој момент се молеле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира