НАД 600 МРТВИ ВО НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 84 ГОДИНИ

    НАД 600 МРТВИ ВО НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 84 ГОДИНИСе стравува дека бројот на жртвите ќе биде значително поголем (Фото: АП)

    Повеќе од 600 луѓе загинаа во земјотресот што во раните утрински часови ги погоди Турција и Сирија. Стивен Хикс, сеизмолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон, изјави дека ова е најсилниот земјотрес во Турција од декември 1939 година, кој исто така имал јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, при што загинале 30.000 луѓе.

    Разурната џамија во турскиот град Малатија (Фото: АП)

    Раед Ахмед, шефот на сирискиот Национален центар за земјотреси, изјави дека ова е најсилниот земјотрес што досега бил регистриран во земјата.

    Според Американскиот геолошки институт, епицентар на земјотресот бил близу градот Газијантеп на длабочина од 17,9 километри. Тој се случил во 4:17 часот по локално време (2:17 часот по македонско) и бил почувствуван и во Либан, Кипар и Израел.

    Спасувачките екипи пребаруваат по урнатините на зграда во Адана (Фото: АП)

    Турција кажа дека се погодени десет града, додека во Сирија имало многу мртви во регионите Алепо, Латакија, Хомс и Тартус. Досега е потврдено дека загинале 320 луѓе во Сирија и 284 во Турција, а илјадници се повредени. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде значително поголем, зашто голем број се заробени под урнатините.

    САД, Европска Унија, Шведска, Србија и Израел веќе најавија дека се подготвени да испратат помош во погодените подрачја.

    Дијарбакир е меѓу тешко погодените турски градови (Фото: АП)

    Министерството за надворешни работи кажа дека стапило во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.

    Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања на телефонските броеви +905394569710 во Анкара и +905456149777 во Истанбул, како и на СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, соопшти МНР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира