НАД 670 ЛУЃЕ ЗАТРУПАНИ ВО ГОЛЕМО СВЛЕЧИШТЕ НА ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА, ВЕЛАТ ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    НАД 670 ЛУЃЕ ЗАТРУПАНИ ВО ГОЛЕМО СВЛЕЧИШТЕ НА ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА, ВЕЛАТ ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИСвлечиштето се случи во петокот во раните утрински часови кога најголем дел од луѓето спиеле (Фото: АП)

    Се проценува дека над 670 луѓе се затрупани во големо свлечиште на Папуа Нова Гвинеја, кажаа од Обединетите нации. Шефот на Меѓународната организација за миграција, Серхан Актопрак, изјави дека ефектот на петочното лизгање на земјиштето во изолираната провинција Енга е поголем одошто првично се мислеше.

    Се проценува дека се затрупани 150 куќи повеќе. Спасувањето е ризично зашто земјиштето и натаму се лизга. Водата се движи и тоа создава огромен ризик за сите вклучени“, изјави Актопрак.

    Речиси 4.000 луѓе живеат во погодената област. Поради катастрофата се раселени повеќе од 1.000 луѓе.

    Свлечиштето се случи во петокот во раните утрински часови кога најголем дел од луѓето спиеле. На некои места, талогот од свлечиштето, кој вклучува големи камења, дрвја и почва, е длабок до осум метри.

    До оваа провинција води само еден автопат, кој е блокиран од остатоците што ги донесе лизгањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира