НАД 8.700 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО ЗА НАОЃАЊЕ УШТЕ ПРЕЖИВЕАНИ

    НАД 8.700 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО ЗА НАОЃАЊЕ УШТЕ ПРЕЖИВЕАНИСпасувачите се мачат да допрат до некои тешко погодени подрачја (Фото: АП)

    Бројот на загинати во завчерашниот катастрофален земјотрес во југоисточна Турција и Сирија порасна на 8.700, додека истекува времето за пронаоѓање уште преживеани под урнатините. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во десет провинции, додека жителите во неколку тешко погодени турски градови се жалат на бавен и несоодветен одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес во земјата во изминатите 24 години.

    Земјотресот од 7,8 степени според Рихтеровата скала беше следен од уште еден речиси еднакво моќен, што уништи илјадници станбени згради, болници и училишта во Турција и соседната Сирија, додека непознат број луѓе останува затрупан под урнатините, поради што се очекува трагичниот биланс да биде значително поголем.

    Спасувачите се мачат да допрат до некои тешко погодени подрачја поради оштетените патишта, лошото време и недостигот на ресурси и тешка опрема. Ситуацијата е особено загрижувачка во Сирија, која веќе се бори со хуманитарна криза по речиси 12 години граѓанска војна.

    Ова сега е трка со времето. Со секоја помината минута, со секој изминат час, се намалуваат шансите за наоѓање преживеани“, вели шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Според последните официјални податоци, во Турција досега загинале 6.234 луѓе, а 37.011 се повредени, додека во Сирија има 2.470 мртви и 8.704 повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира