НАД 90 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ПОГОДИ ТУРИСТИЧКИ ОСТРОВИ ВО ИНДОНЕЗИЈА

    НАД 90 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ПОГОДИ ТУРИСТИЧКИ ОСТРОВИ ВО ИНДОНЕЗИЈАЗемјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 30 километри (Фото: АП)

    Најмалку 90 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ги погоди индонезиските туристички острови Ломбок и Бали, втор за период од една недела.

    Властите соопштија дека стотици луѓе се повредени, најмногу во северниот дел на Ломбок.

    Земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала бил релативно плиток и се случил на длабочина од 30 километри. Околу 1.000 странски туристи се евакуирани од островите Гили и Бали, кадешто, исто така, едно лице загинало, зголемувајќи ја бројката на 91.

    Повеќе од 130 помали земјотреси можеа да се почувствуваат во областа од вчера, оштетувајќи над 3.000 домови. Предупредувањето за цунами било укинато по некое време.

    „Оштетени се голем број објекти во главниот град на Ломбок, Матарам, повеќето од нив се градени со слаби материјали“, изјави портпаролот на националната Агенција за спасување при катастрофи.

    Ломбок, популарен меѓу туристи поради своите плажи и патеки за пешачење, минатата недела веќе беше погоден од земјотрес, кога загинаа 16 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира