НАД 950 УКРАИНСКИ БОРЦИ ИЗЛЕГОА ОД „АЗОВСТАЛ“, МЕЃУ НИВ НЕ СЕ ГЛАВНИТЕ ЗАПОВЕДНИЦИ

    НАД 950 УКРАИНСКИ БОРЦИ ИЗЛЕГОА ОД „АЗОВСТАЛ“, МЕЃУ НИВ НЕ СЕ ГЛАВНИТЕ ЗАПОВЕДНИЦИЗасега е нејасно што ќе се случува со последните бранители на Мариупол (Фото: АП)

    Во изминатите 24 часа се предадоа 959 украински борци кои со недели беа утврдени во челичарницата „Азовстал“, објави руското министерство за одбрана. Меѓу нив се и 694 припадници на Азовскиот баталјон. Сите ќе бидат префрлени на територија што е под руска контрола.

    Засега е нејасно што ќе се случува со последните бранители на Мариупол. При вчерашната евакуација, дел од автобусите пристигнале во новоотворен руски затвор близу Доњецк. Кремљ соопшти дека Путин лично гарантира дека затворениците ќе бидат третирани според меѓународните стандарди, додека украинските власти се надеваат на некаква размена.

    Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека судот ќе реши за судбината на предадените украински борци.

    „Ако непријателот го положил оружјето, тогаш судот решава за неговата судбина. На секој Украинец за кој ќе се утврди дека е неонацистички воен злосторник треба да му суди меѓународен суд“, изјави Пушилин.

    Тој додаде дека главните заповедници на украинските сили и натаму се во „Азовстал“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира