НАД ДЕСЕТ ИСЧЕЗНАТИ ВО ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ ИСКИЈА

    НАД ДЕСЕТ ИСЧЕЗНАТИ ВО ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ ИСКИЈАОстровот беше зафатен од силно невреме ноќеска (Фото: ЕПА)

    Повеќе од десет луѓе се водат како исчезнати откако силни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето на италијанскиот остров Искија близу Неапол. Меѓу исчезнатите се и семејство со две деца и двојка со новороденче.

    Островот беше зафатен од силно невреме ноќеска, а најтешка ситуација е во селото Казамикола Терме, каде што поројот од кал и остатоци однесе домови, автомобили и дрвја. Во изминатите 66 часа паднале 155 милиметри дожд.

    Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини изјави дека загинале најмалку осум луѓе, но локалните власти кажаа дека немаат податоци за потврдени смртни случаи, ниту се пронајдени тела.

    Ситуацијата е многу сериозна и сложена. Дванаесетмина се водат како исчезнати, има затрупани луѓе под калта“, изјави министерот за внатрешни работи Матео Пјадентози.

    Во областа нема струја, а 30-ина семејства се заглавени во своите домови во селото Лако Амено, каде што неколку објекти се урнале.

    Познат по своите природни извори на топла вода, Искија е дом на 20.000 жители и популарна кај домашни и странски туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира