НАД ИЛЈАДА ЗАГИНАТИ ВО МОНСУНСКИТЕ ПОПЛАВИ ВО ПАКИСТАН

    НАД ИЛЈАДА ЗАГИНАТИ ВО МОНСУНСКИТЕ ПОПЛАВИ ВО ПАКИСТАНВо северозападен Пакистан, илјадници луѓе ги напуштија домовите откако реките се излеаја од коритата и предизвикаа големи поплави. (Фото: ППИ)

    Пакистан апелира за поголема меѓународна помош додека поплави ја уништуваат земјата и голем број граѓани бараат спас на повисоки места. Бројот на загинати во монсунските поплави достигна 1.033 откако изминатите 24 часа загинаа уште 119, соопштија пакистанските власти.

    САД, Британија, ОАЕ и други веќе испратија помош, но потребно е повеќе, велат пакистански функционери. Пакистанската влада прави сè што може, додаваат тие.

    Министерот за внатрешни работи Салман Суфи вели дека на земјата очајно ѝ е потребна меѓународна помош.

    „Пакистан се бореше со економски проблеми и бевме блиску да ги надминеме кога нè погоди монсунска катастрофа“, кажа тој.

    Во северозападен Пакистан, илјадници луѓе ги напуштија домовите откако реките се излеаја од коритата и предизвикаа големи поплави.

    „Куќата која што ја градевме со години напорна работа почна да ни тоне пред очи. Седевме на страна и гледавме како куќата од нашите соништа ја снемува“, кажа 23-годишниот Џунаид Кан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира