НАЈАВЕНА СМЕНА НА УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА РЕЗНИКОВ ДОДЕКА СЕ ОЧЕКУВА НОВА РУСКА ОФАНЗИВА

    НАЈАВЕНА СМЕНА НА УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА РЕЗНИКОВ ДОДЕКА СЕ ОЧЕКУВА НОВА РУСКА ОФАНЗИВАРезников ќе биде сменет по низа корупциски скандали во министерството за одбрана (Фото: АП)

    Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека се очекува нова руска офанзива подоцна овој месец. Тој кажа дека целото западно оружје нема да стигне дотогаш, но Украина има доволно резерви за да ги задржи руските сили.

    Претседателот Зеленски кажа дека Русите жестоко напаѓаат во Бахмут, Вухледар и Лиман. Руската страна тврди дека остварила напредок во борбите за Бахмут во изминатите денови.

    Близок соработник на Зеленски најави дека Резников ќе биде сменет од својата функција, а на негово место ќе дојде Кирило Буданов, шефот на военото разузнавање. Промените во министерството за одбрана следуваат по низа корупциски скандали поврзани со проневера на јавни средства за набавка на храна за војската, што Резников го демантираше. Во претстојните промени во владата Резников треба да стане нов министер за стратешки индустрии.

    Резников најави дека украинските трупи од денеска ќе почнат со обуката за германските тенкови „леопард 2“.

    Украина обезбеди и проектили со дострел до 150 километри, но со нив нема да се гаѓа руска територија, туку само привремено окупираните територии“, кажа Резников.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира