НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ ЛАНИ СЕ ЗБОГАТИЛЕ ЗА УШТЕ 402 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ ЛАНИ СЕ ЗБОГАТИЛЕ ЗА УШТЕ 402 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИИлон Маск додал 121 милијарда долари на своето богатство (Фото: Гети)

    Десеттемина најбогати луѓе на светот го зголемиле своето богатство за вкупно 402 милијарди долари во 2021, која се покажа уште една успешна година за супербогатите.

    Според индексот на милијардери на „Блумберг“, најголемиот добитник е Илон Маск, кој додал неверојатни 121 милијарда долари на своето богатство, кое сега изнесува 277 милијарди долари, со што е најбогатиот човек на светот.

    Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој ја почна годината на првото место, се збогатил за дополнителни 4,54 милијарди долари и сега располага со 195 милијарди.

    По Маск, во 2021 најмногу заработил основачот на француската компанија за луксузни добра „ЛВМХ“, Бернар Ино – 61,3 милијарди долари.

    Маск имаше доста содржајна година, откако раскина со девојка му Грајмс и го реализираше првиот лет со цивилен екипаж во вселената. Сепак, најголеми бранувања предизвика со одлуката да продаде акции на „Тесла“ во вредност од 16,4 милијарди долари со цел да плати данок.

    Марк Закерберг е шести најбогат човек на светот, откако лани заработил 24,3 милијарди долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира