Најголемиот носач на авиони на светот „Џералд Форд“ се враќа во САД по повеќе од 300 дена на море, по мисијата за фаќање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и операциите во војната против Иран. Ова е најдолгото распоредување на американски носач на авиони од Втората светска војна.
Засега не е познато кога точно бродот ќе тргне од Блискиот Исток, но се очекува да се врати во својата база во Вирџинија во средината на мај, изјави еден американски функционер.
„Џералд Форд“, кој се смета за најмоќниот и најнапреден носач на авиони на светот, исплови од поморската база „Норфолк“ во јуни 2025 и прво се упати кон Средоземното Море, пред да биде пренасочен кон Карибите. Бродот мораше да се врати во Средоземното Море минатиот месец заради поправи откако го зафати пожар, при што престојуваше во Грција и Хрватска.
Со должина од 334 метри, бродот може да прими повеќе од 70 борбени авиони.
Покрај „Форд“, САД испратија уште два носача на Блискиот Исток, „Абрахам Линколн“ и „Џорџ Буш“, најмногу од 2003 година.



