НАЈМАЛКУ 10 МРТВИ ОТКАКО РУСИТЕ РАКЕТИРАА ИЗЛОЖБА НА ОРУЖЈЕ БЛИЗУ КИЕВ, ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ РУСИЈА

    НАЈМАЛКУ 10 МРТВИ ОТКАКО РУСИТЕ РАКЕТИРАА ИЗЛОЖБА НА ОРУЖЈЕ БЛИЗУ КИЕВ, ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ РУСИЈАНа изложбата присуствувале и претставници на украинската воена индустрија (Фото: Телеграм)

    Најмалку 10 луѓе загинаа, а 100 се ранети откако Русија среде ден ракетираше воен тренинг-центар близу Киев додека таму се одржуваше изложба на оружје. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јури Ихнат изјави дека Русија лансирала три балистички проектили, од кои еден бил пресретнат.

    На изложбата присуствувале и претставници на украинската воена индустрија. Ова е третпат од почетокот на војната Русија да нападне ваква изложба.

    Претседателот Володимир Зеленски изјави дека е отворена истрага, додека јавното обвинителство кажа дека се утврдува кој одлучил да се одржи јавниот настан и какви безбедносни мерки биле преземени.

    Вкупно 15 луѓе загинале во денешните напади врз Украина, а жртви имало и во украинските напади врз Русија. Шестмина луѓе загинале во рускиот град Киров, оддалечен 1.000 километри од фронтот, а Украина третпат за шест дена нападна и складишта на најголемиот руски онлајн трговец „Вајлдберис“. Нападите врз руски „Амазон“ им нанесоа удар на голем број мали и средни бизниси во Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира