НАЈМАЛКУ 12 МРТВИ И 300 РАНЕТИ ВО НАПАД ВРЗ АЕРОДРОМОТ ВО РИЈАД

    НАЈМАЛКУ 12 МРТВИ И 300 РАНЕТИ ВО НАПАД ВРЗ АЕРОДРОМОТ ВО РИЈАДВоената коалиција предводена од Саудиска Арабија ги обвини јеменските хути за нападот (Фото: АП)

    Најмалку 12 луѓе загинаа, а над 300 се повредени во напад врз меѓународниот аеродром во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Меѓу загинатите имало државјани на Саудиска Арабија, Бангладеш, САД, Јордан, Палестина, Сирија, Судан и Египет, потврди саудиската управа за цивилно воздухопловство.
    Операциите на меѓународниот аеродром „Крал Калид“ се прекинати.

    Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија вети одговор на нападот, кој го нарече воено злосторство и ги обвини јеменските хути. Тие не го коментираа овој напад, најсмртоносниот во кралството од мај 2015, но претходно потврдија дека стојат зад други напади врз истиот аеродром, во кои загинаа три лица и беше оштетен еден авион.

    „Некои од повредените се во критична состојба. Се проценува штетата на аеродромот“, соопшти саудиската управа за цивилно воздухопловство.

    Портпаролот на воената коалиција, генерал-мајор Турки ал-Малики, подоцна изјави дека бил погоден еден од патничките терминали.

    Запрашан дали САД планираат да ѝ се придружат на Саудиска Арабија во нападите против хутите, Доналд Трамп рече:

    „Би можеле. Ќе го разгледаме тоа. Само што дознавме за нападот, па ќе донесеме одлука. Се движиме многу брзо“.

    Хутите велат дека ја напаѓаат Саудиска Арабија поради нејзината поддршка за владините сили во граѓанската војна во Јемен. Конфликтот се влоши неодамна, откако хутите во брза офанзива зазедоа стратешки важни делови од крајбрежјето на Црвеното Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира