НАЈМАЛКУ 120 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИТАЛИЈА, 1.500 ЛУЃЕ БЕЗ ДОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Перуџа,(Би-БиСи)

    НАЈМАЛКУ 120 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИТАЛИЈА, 1.500 ЛУЃЕ БЕЗ ДОМ

    Најмалку 120 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди планинскиот реон во централна Италија, соопшти премиерот Матео Ренци. Земјотресот со јачина од 6,2 степени удри во 3.36 часот утринава со епицентар на околу 140 километри од Рим, близу Перуџа. Многмина од загинатите се од историскиот град Аматриче, каде, според градоначалникот, три четвртини од градот е срушен. Се верува дека многу луѓе во Аматриче, исто како и во соседното Акумоли, се уште се закопани под рушевините, а има и стотици повредени. Се претпоставува дека околу 1.500 луѓе останаа без своите домови.

    Спасувачите кои први пристигнаа во погоденото подрачје со голи раце копаа во потрага по преживеани (Фото: Анса)

    Спасувачите кои први пристигнаа во погоденото подрачје со голи раце копаа во потрага по преживеани (Фото: Анса)

    Италијанскиот премиер им оддаде признание на волонтерите и припадниците на Агенцијата за цивилна заштита, кои веднаш стигнаа на местото на настанот и со голи раце копаа во потрага по преживеани. Ренци вети дека „ниту едно семејство, ниту еден град, ниту едно село нема да биде оставено само“.
    Земјотресот беше почувствуван низ цела Италија, од Болоња на север до Неапол на југ. По првиот земјотрес имаше уште десетици помали потреси. Најтешко погодени беа гратчињата и селата во планинскиот регион, каде се спојуваат регионите Умбрија, Лацио и Ле Марче. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека регистрирал повеќе од 200 потреси по земјотресот до 15 часот.
    Пред седум години, земјотрес уби повеќе од 300 луѓе во Л’Аквила, исто така, во централна Италија и во мај 2012 година, два земјотреси во девет дена убија повеќе од 20 луѓе во северниот регион Емилија Ромања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира