НАЈМАЛКУ 13 МРТВИ ОТКАКО ВО ЛЕТ СЕ ЗАПАЛИ АВИОН НА РУСКАТА КОМПАНИЈА „АЕРОФЛОТ“

    НАЈМАЛКУ 13 МРТВИ ОТКАКО ВО ЛЕТ СЕ ЗАПАЛИ АВИОН НА РУСКАТА КОМПАНИЈА „АЕРОФЛОТ“Авионот принудно слетал на московскиот аеродром „Шереметјево“ 30 минути по полетувањето (Фото: АП)

    Најмалку 13 луѓе загинаа откако во лет се запали авион на руската компанија „Аерофлот“, по што принудно слета на московскиот аеродром „Шереметјево“. Руската новинска агенција „Тасс“ објави дека меѓу загинатите се и две деца. Во авионот од типот „сухој суперџет-100“ имало 78 патници и членови на екипажот.

    Засега е непознато што го предизвикало пожарот и еден од патниците изјави дека е вистинско чудо како некој воопшто успеал да се спаси.

    Авионот требало да лета за Мурманск и податоците од сајтот за следење летови „Флајтрадар 24“ покажуваат дека тој итно слетал половина час по полетувањето. Тој наводно не успеал да слета од прв обид.

    Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат патници како излегуваат низ излезите за итни случаи и потоа бегаат од запалениот авион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира