НАЈМАЛКУ 15 ЗАГИНАТИ ОТКАКО БРОД НА ГРЧКАТА КРАЈБРЕЖНА СТРАЖА СЕ СУДРИ СО ГЛИСЕР СО МИГРАНТИ КАЈ ОСТРОВОТ ХИОС

    НАЈМАЛКУ 15 ЗАГИНАТИ ОТКАКО БРОД НА ГРЧКАТА КРАЈБРЕЖНА СТРАЖА СЕ СУДРИ СО ГЛИСЕР СО МИГРАНТИ КАЈ ОСТРОВОТ ХИОСОткако глисерот бил забележан од грчката крајбрежна стража, започнала потера, при која дошло до судир (Фото: ИнТајм њуз)

    Најмалку 15 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако брод на грчката крајбрежна стража се судри со глисер со мигранти покрај егејскиот остров Хиос.

    Несреќата се случила кога глисерот, кој веројатно бил управуван од шверцери на мигранти, се обидел да се приближи до источниот брег на островот со цел да ги истовари патниците. Висок грчки функционер изјави дека пловилото превезувало околу 30 луѓе и било опремено со мотор со голема моќност.

    Откако глисерот бил забележан од грчката крајбрежна стража, започнала потера, за време на која дошло до судир, кажаа властите.

    До полноќ беше потврдена смрт на 15 луѓе, од кои четири жени, но властите предупредија дека бројот на загинати би можел да порасне. Спасени се 24 мигранти, некои сериозно повредени, а има и исчезнати. Меѓу спасените има и деца и трудница.

    Крајбрежната стража не разјасни како точно дошло до судирот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира