НАЈМАЛКУ 17 МРТВИ ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА, ОД КОИ 15 ВО ЕДНА ЗГРАДА ВО УМАН

    НАЈМАЛКУ 17 МРТВИ ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА, ОД КОИ 15 ВО ЕДНА ЗГРАДА ВО УМАНВо Уман е погодена деветкатна станбена зграда

    Бројот на загинати во најголемиот руски ракетен напад на Украина во последните два месеца порасна на 17. Меѓу нападнатите градови беше и Киев, но најголеми страдања се забележани во централниот град Уман, каде што беше погодена деветкатна станбена зграда.

    Локалните власти кажаа дека најмалку 15 луѓе загинаа во Уман, од кои две деца, а девет луѓе се превезени во болница. Пожарникарите притоа се бореа со голем пожар на зградата, на која се погодени горните катови.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во денешниот напад биле оштетени десет станбени згради во Уман.

    Во Днепар е погодена семејна куќа, во која загинаа жена и нејзиното тригодишно дете, а уште три лица се повредени.

    Воената управа на Киев соопшти дека градот беше ракетиран за првпат по 51 ден, при што биле соборени 21 од 23 испукани проектили, како и два дрона.

    Нападот следува додека Украина вели дека нејзината пролетна противофанзива е во завршна фаза од подготовките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира