НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИ И ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВО СУМИ ДОДЕКА ЛУЃЕТО ОДЕЛЕ ВО ЦРКВА НА ЦВЕТНИЦИ

    НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИ И ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВО СУМИ ДОДЕКА ЛУЃЕТО ОДЕЛЕ ВО ЦРКВА НА ЦВЕТНИЦИЕдна од ракетите погодила автобус полн со патници. (Фото: Украинска служба за спасување)

    Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во руски напад со балистички ракети врз украинскиот град Суми, додека граѓаните оделе во црква за празникот Цветници.

    Две ракети паднале во прометниот центар на градот. Една од нив погодила автобус полн со патници. Снимките од местото на настанот покажуваат тела на улиците, запалени автомобили и спасувачи кои носат повредени цивили.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има „десетици загинати и ранети цивили“. Тој ја обвини Русија за извршување на намерен акт на „терор“ и додаде дека е потребна „остра реакција“ од САД, Европа и светот.

    „Непријателски ракети погодија обична градска улица, обичен живот: куќи, образовни институции, автомобили на улица… И тоа на ден кога луѓето одат во црква: Цветници, празникот на Господовото влегување во Ерусалим“, објави Зеленски на социјалните мрежи.

    Тој додаде: „Само никаквец може да постапи вака. Убивање обични луѓе. Русија го сака токму овој вид терор и ја одолговлекува оваа војна. Без притисок врз агресорот, мирот е невозможен“.

    Официјални лица потврдија дека се повредени 83 лица, меѓу кои и седум деца.

    Овој напад следи по разговорите меѓу специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и Владимир Путин во петокот во рускиот град Санкт Петербург. Украина претходно се согласи на планот на Белата куќа за 30-дневен прекин на борбите.

    Откако САД го дадоа предлогот пред еден месец, Русија го засили бомбардирањето на украинските градови. Претходно овој месец, девет деца и девет возрасни загинаа кога руска ракета погоди детско игралиште во градот Криви Рих.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира