Руски ракети го погодија центарот на украинскиот град Виница, убивајќи најмалку 20 луѓе, вклучувајќи три деца, соопштија украинските власти. 90 други се повредени во градот кој се наоѓа југозападно од Киев и далеку од борбите на Донбас. Три руски ракети погодија зграда со канцеларии и оштетија станбени згради и околните паркинзи.
Украинскиот претседател го нарече нападот отворен терористички акт
Руското министерство за одбрана, кое негира дека напаѓа цивилни објекти, засега нема коментар за нападот. Од кабинетот на украинскиот претседател рекоа дека станува збор за крстосувачки ракети Калибр лансирани од подморница во Црното море.