НАЈМАЛКУ 22 УБИЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ГРЧКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО ДАМАСК

    НАЈМАЛКУ 22 УБИЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ГРЧКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО ДАМАСКДосега ниедна група не ја презела одговорноста за нападот во црквата „Пророк Илија“ (Фото: ЕПА)

    Најмалку 22 лица загинаа, а 63 се повредени во самоубиствен напад во црква во Дамаск, објави сириското министерство за здравство. Според властите, маж отворил оган за време на вчерашната богослужба во грчката православна црква „Пророк Илија“ во населбата Двела, по што детонирал експлозив, додавајќи дека напаѓачот бил поврзан со Исламска држава. Досега ниедна група не ја презела одговорноста за нападот.

    Некој влезе во црквата, носејќи оружје. Откако почна да пука, луѓето се обидоа да го запрат, по што тој се разнесе“, изјави еден очевидец.

    Властите кажаа дека бомбата експлодирала на влезот во црквата, поради што имало жртви и во и пред објектот. Во црквата во тој момент имало околу 350 луѓе.

    Ова е прв ваков напад во Дамаск откако бунтовниците го соборија режимот на Башар ал-Асад во декември. Сириските власти го опишаа нападот како терористички, додавајќи дека Исламска држава и преостанатите членови на соборената влада се обидуваат да ја дестабилизираат земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира