НАЈМАЛКУ 23 ЗАГИНАТИ ОТКАКО ТОРНАДО ПОМИНА НИЗ МИСИСИПИ

    НАЈМАЛКУ 23 ЗАГИНАТИ ОТКАКО ТОРНАДО ПОМИНА НИЗ МИСИСИПИУште повеќе луѓе се заглавени под рушевините од уништените објекти. (Фото: Си-Би-Ес)

    Најмалку 23 луѓе загинаа откако торнадо помина низ американската држава Мисисипи. Уште повеќе луѓе се заглавени под рушевините од уништените објекти.

    Торнадото предизвика голема штета низ неколку гратчиња, каде што беа искорнати дрвја и бандери, оставајќи голем број домови без електрична енергија.

    Освен торнадо, Мисисипи беше погодена од град со големина на топче за голф и поројни дождови.

    Засега не е јасно дали едно или повеќе торнада ја погодиле областа. Метеоролошката служба вчера објави дека се очекуваа неколку торнада, но можно е да станува збор за едно торнадо кое се подигнува од земјата и потоа се спушта повторно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира