НАЈМАЛКУ 23 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД НА ЗАПОРОЖЈЕ ДОДЕКА ВО МОСКВА СЕ ПОДГОТВУВА ПРОСЛАВА НА АНЕКСИЈАТА

    НАЈМАЛКУ 23 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД НА ЗАПОРОЖЈЕ ДОДЕКА ВО МОСКВА СЕ ПОДГОТВУВА ПРОСЛАВА НА АНЕКСИЈАТАПрославата во Москва ќе биде проследена со концерти и маршеви, а Путин ќе одржи важен говор (Фото: АП)

    Најмалку 23 луѓе загинаа во руски напад на градот Запорожје, додека Владимир Путин се подготвува да прогласи анексија на четири украински региони. Гувернерот на Запорожје, Олександр Старух, изјави дека руските сили нападнале хуманитарен конвој кој се движел кон окупираниот дел од овој регион, при што се ранети најмалку 28 луѓе. Тој објави снимки од изгорени возила и тела како лежат на патот.

    Нападот се случи само неколку часа пред големата прослава во Москва, на која што Путин ќе потпише документи за припојување на 15% од територијата на Украина, што ги опфаќа Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Од петокот до вторникот, во овие региони се одржуваа референдуми за анексија, што меѓународната заедница ги отфрли како лажни и незаконски. Ниеден од овие региони не е под целосна контрола на Русија.

    САД нема никогаш, никогаш, никогаш да ги признаат руските обиди за анексија на територија во Украина“, кажа Џо Бајден, додавајќи дека Русија сега ја очекуваат нови санкции.

    Путин вчера потпиша два декрета со кои ги призна Херсон и Запорожје за независни територии, додавајќи дека тоа е направено во согласност со меѓународното право.

    Прославата во Москва ќе биде проследена со концерти и маршеви, а најавено е дека Путин ќе одржи важен говор.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски за денеска свика итен состанок на Националниот безбедносен совет, на кој ќе се одлучува за идните чекори како одговор на анексијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира