НАЈМАЛКУ 25 ЗАГИНАТИ ВО ШУМСКИ ПОЖАР ВО ПОРТУГАЛИЈА, ИЗГОРЕЛЕ ВО АВТОМОБИЛИТЕ

    НАЈМАЛКУ 25 ЗАГИНАТИ ВО ШУМСКИ ПОЖАР ВО ПОРТУГАЛИЈА, ИЗГОРЕЛЕ ВО АВТОМОБИЛИТЕПортугалија е зафатена од топлотен бран, со температури кои во саботата во некои региони поминаа и 40 степени. Во текот на ноќта низ цела земја имаше пријавено 60 пожари.- Жител од Карамуло се обидува да го изгасне огнот (Фото:ЕПА)

    Најмалку 25 луѓе се загинати, од кои повеќето изгореле во колите на пат, во голем шумски пожар во централна Португалија, сооопшти Владата.

    „Бројот на жртви може да расте“, изјави премиерот Антонио Коста. „Сега е најважно да им се помогне на тие што се се уште во опасност“, изјави тој при посетата на седиштето на кризниот центар близу Лисабон.

    Португалија е зафатена од топлотен бран, со температури кои во саботата во некои региони поминаа и 40 степени. Во текот на ноќта низ цела земја имаше пријавено 60 пожари. Ангажирани се 1.700 пожарникари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира