Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди централна Италија, оставајќи најмалку 38 мртви, вклучувајќи едно бебе, јави “Анса”. 150 се водат како исчезнати, додека спасувачите бараат преживеани.
Многу од загинатите се од селото Пескара дел Тронто, кое е срамнето со земја и се стравува дека има уште многу жртви. Голем дел од гратчето Аматриче, исто така, е срушен и четиричлено семејство загина во блиското село Амуколи.
Земјотресот се случи во 3.36 часот утринава на околу 100 километри североисточно од Рим.