НАЈМАЛКУ 50 ЗАГИНАТИ ВО НАЛЕТОТ НА ТОРНАДО ВО КЕНТАКИ, ВО ИЛИНОИС СЕ УРНА СКЛАДИШТЕ НА „АМАЗОН“

    НАЈМАЛКУ 50 ЗАГИНАТИ ВО НАЛЕТОТ НА ТОРНАДО ВО КЕНТАКИ, ВО ИЛИНОИС СЕ УРНА СКЛАДИШТЕ НА „АМАЗОН“Нејасно е колку луѓе се повредени при уривањето на покривот на складиштето на „Амазон“ во Едвардсвил (Фото: АП)

    Се верува дека најмалку 50 луѓе загинале во налетот на торнадо во југозападниот дел на американската сојузна држава Кентаки.

    „Знаеме дека ќе имаме повеќе од 50 мртви од овој настан, а бројката би можела да биде и значително поголема“, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир.

    Тој додаде дека најголемите уништувања се забележани во округот Грејвс, особено во градот Мејфилд.

    „Мејфилд е многу тешко погоден“, кажа Бешир.

    Ова е еден од 24-те торнада што Националната метеоролошка служба ги регистрираше во Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси. Потврдено е дека во Арканзас има најмалку двајца загинати, а во Тенеси тројца. Лошите временски услови ќе опфатат и други сојузни држави во текот на викендот и на удар би можеле да се најдат и градовите Нешвил и Мемфис.

    Дваесетина луѓе се заглавени во дом за стари лица во Арканзас откако се урнал покривот, а се верува дека заглавени работници има во складиште на „Амазон“ во Илиноис.

    „Не знаеме колку луѓе се повредени при уривањето на покривот на складиштето во Едвардсвил, но станува збор за инцидент со многу жртви“, напишаа локалните итни служби на Фејсбук.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира